свет

Четири лица загинаа во земјотресот со интензитет од 7 степени кој ги погоди Филипини

Се стравува дека е можно зголемување на бројката на смртни случаи предизвикани од силниот земјотрес, кој предизвика големи оштетувања во многу населени места во околината

Sümeyye Dilara Dinçer  | 27.07.2022 - Обновена : 28.07.2022
Четири лица загинаа во земјотресот со интензитет од 7 степени кој ги погоди Филипини

АНКАРА (АА) - Четири лица ги загубија животите во земјотресот со интензитет од 7 степени кој го потресе островот Лузон во северниот дел на Филипините, јавува Агенција Анадолија (АА).

Институтот за вулканологија и сеизмологија на Филипините објави дека утрово земјотрес со интензитет од 7 степени според Рихтеровата скала е почувствуван во провинцијата Абра во северниот дел од островот.

Утврдено е дека епицентарот на земјотресот, кој е регистриран на 3 километри северозападно од градот Тајум, бил на длабочина од 10 километри.

Претседателот Фердинанд Маркос џуниор наредил итно испраќање на спасувачки и хуманитарни екипи во зоната на катастрофата, а и самиот ќе го посети регионот во текот на денот.

Министерот за внатрешни работи, Бенџамин Абалос, информира дека досега се откриени двајца загинати во провинцијата Бенге, едно лице во провинцијата Абра и едно лице во друга провинција.

Во земјотресот се повредени 60 лица.

Се стравува дека е можно зголемување на бројката на смртни случаи предизвикани од силниот земјотрес, кој предизвика големи оштетувања во многу населени места во околината.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın