Јапонија: Градител урива новоизградена зграда бидејќи го блокира погледот на локалното население кон планината Фуџи
- Компанијата Секисуи признала дека на адекватен начин не ги зела предвид локалните вредности и интереси и покрај намалувањето на висината на зградата и одржувањето состаноци со жителите.
ИСТАНБУЛ (АА) - Неодамна изградената десеткатница на запад од јапонската престолнина ќе биде урната откако жителите се пожалија дека им го блокирала погледот кон планината Фуџи, пренесува Анадолу.
Компанијата Секисуи со седиште во Осака ја информираше локалната власт за својата одлука да го откаже проектот и да ја урне зградата во Кунитачи, која се наоѓа во западниот дел на префектурата Токио.
Новинската агенција Кјодо јавува дека компанијата Секисуи признала дека на адекватен начин не ги зела предвид локалните вредности и интереси и покрај намалувањето на висината на зградата и одржувањето состаноци со жителите.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.