свет

Јапонија лансираше сателит за прибирање информации

Сателитот ќе се користи за националната безбедност, како и за процена на штетите по големи катастрофи

Riyaz Khaliq Khaliq  | 26.09.2024 - Обновена : 28.09.2024
Јапонија лансираше сателит за прибирање информации

ИСТАНБУЛ (АА) - Јапонија денес во вселената лансираше сателит за собирање информации, кој ќе се користи за потребите на националната безбедност, пренесува Анадолу.

Сателитот е лансиран со ракетата со течно гориво Х2А од Јапонскиот вселенски центар на островот Танегашима во југозападната префектура Кагошима.

Тоа е 49. лансирање на ракетата, заеднички развиена од Јапонската агенција за аеровселенска експлорација и Мицубуши тешки индустрии Лтд, објави токискиот Кјодо њуз.

Претходно, лансирањето на сателитот за извидување беше двапати одложувано поради временските услови.

Сателитот ќе се користи за националната безбедност, како и за процена на штетите по големи катастрофи.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.