Турција, свет

Њујорк: Турскиот претседател Ердоган на прошетка низ Централ парк, разговараше со бројни граѓани

Ердоган, кој престојува во САД по повод 77. Генерално собрание на Обединетите нации (ОН), слободното време го искористи да се прошета во еден од најпознатите паркови во светот

Özcan Yıldırım  | 18.09.2022 - Обновена : 19.09.2022
Њујорк: Турскиот претседател Ердоган на прошетка низ Централ парк, разговараше со бројни граѓани

ЊУЈОРК (АА) – Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, при прошетката во Централ парк во Њујорк се сретна и разговараше со многу минувачи, јавува Агенција Анадолија (АА).

Ердоган, кој престојува во Соединетите Американски Држави (САД), каде што ќе присуствува на 77. Генерално собрание на Обединетите нации (ОН), слободното време го искористи да се прошета во еден од најпознатите паркови во светот.

Турскиот претседател беше придружуван од турскиот амбасадор во Вашингтон, Хасан Мурат Мерџан, и постојаниот претставник на Туркије во Обединетите нации, амбасадорот Феридун Синирлиоглу.

Ердоган го помина времето во паркот разговарајќи со бројни минувачи, од кои еден минувач особено му се заблагодари за посредувањето во решавање на украинската криза.

Многумина од нив ја искористија можноста да се фотографираат со турскиот лидер.

Турскиот претседател денеска ќе ги прими претставниците на турските невладини организации кои работат во САД и ќе присуствува на вечера во организација на Турско-американскиот национален управен одбор.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın