Џабалија се соочува со здравствена криза поради наталожен отпад и оштетена инфраструктура
– Кампот за бегалци Џабалија во северниот дел на Појасот Газа се соочува со сериозна здравствена и еколошка криза поради насобраниот отпад и целосно уништената инфраструктура откако илјадници Палестинци се вратија во оваа област

ГА3А (АА) – Кампот за бегалци Џабалија во северниот дел на Појасот Газа се соочува со сериозна здравствена и еколошка криза поради насобраниот отпад и целосно уништената инфраструктура откако илјадници Палестинци се вратија во оваа област по примирјето меѓу Хамас и Израел, јавува Анадолу.
Населението во Јабалија значително се зголеми со враќањето на раселените жители, а тоа доведе до дополнителен притисок врз веќе колабираниот систем за управување со отпад и отпадни води.
Поради уништувањето на клучната инфраструктура во израелските напади, канализациските системи се целосно нефункционални, а отпадните води неконтролирано се излеваат по улиците, зголемувајќи го ризикот од заразни болести.
Оваа состојба дополнително ја комплицира хуманитарната криза во Појасот Газа, каде што прекинот на воените дејства не доведе до значителни подобрувања во животните услови.
Жителите на Џабалија остануваат без пристап до чиста вода, соодветна храна и медицинска нега, а опасноста од заразни болести продолжува да се зголемува.