свет

Џиновски панди од Кина пристигнаа во САД како дел од Програмата „панда дипломатија“

– Како дел од Програмата „панда дипломатија“ во Националниот зоолошки парк Смитсонијан во Вашингтон, САД, од Кина пристигнаа две џиновски панди по завршувањето на нивниот период на карантин

Aida Cako  | 28.01.2025 - Обновена : 29.01.2025
Џиновски панди од Кина пристигнаа во САД како дел од Програмата „панда дипломатија“ Фото: Џелал Ѓунеш / АА

ВАШИНГТОН (АА) – Како дел од Програмата „панда дипломатија“ во Националниот зоолошки парк Смитсонијан во Вашингтон, САД, од Кина пристигнаа две џиновски панди по завршувањето на нивниот период на карантин, јавува Анадолу.

Пандите, наречени Бао Ли и Чинг Бао, ќе останат во САД наредните 10 години како дел од Договорот за соработка за истражување, потпишан во април минатата година.

За Бао Ли и Чинг Бао, кои имаат по три години, заврши карантинот и ѝ беа претставени на јавноста во посебен простор за посетителите на зоолошката градина.

Двете панди пристигнаа во САД на 15 октомври 2024 година.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın