свет

Американец по 48 години минати во затвор прогласен за невин и пуштен на слобода

- Глин Симонс влезе во историјата како затвореник со најдолг стаж на „недолжно обвинет“ во САД

Dildar Baykan Atalay  | 21.12.2023 - Обновена : 22.12.2023
 Американец по 48 години минати во затвор прогласен за невин и пуштен на слобода

ОКЛАХОМА СИТИ (АА) - Судот во Оклахома го ослободи од вина Глин Симонс, кој беше во затвор речиси 50 години, откако е утврдено дека не е виновен, известува Анадолу.

Судијата на Окружниот суд во Оклахома, Еми Палумбо, пресуди дека 71-годишниот Глин Симонс, кој мина повеќе од 48 години во затвор поради обвинение за убиство, не е виновен.

„Нашиот суд пронајде јасни и уверливи докази дека Симонс не го сторил злосторството за кое е осуден“, наведе Палумбо.

Глин Симонс во 1975 година е осуден на смртна казна поради убиството на Керолин Сју Роџерс во 1974 година, а казната подоцна е заменета со доживотна робија.

Симонс и кообвинетиот Дон Робертс беа осудени на смрт. Казните подоцна се намалени на доживотен затвор.

Симонс влезе во историјата како затвореник со најдолг стаж на „недолжно обвинет“ во САД.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın