свет

„Запрете ја израелската агресија“, апелираше шефот на турската дипломатија пред Советот за безбедност на ОН

- „Политичките или индивидуалните интереси на Нетанјаху и неговите фундаменталистички партнери не треба да ја загрозуваат регионалната стабилност и меѓународниот поредок“, рече Хакан Фидан.

Diyar Güldoğan  | 28.09.2024 - Обновена : 28.09.2024
„Запрете ја израелската агресија“, апелираше шефот на турската дипломатија пред Советот за безбедност на ОН

ВАШИНГТОН (АА) - Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан предупреди на континуираните напади на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху врз Палестина и Либан, известува Анадолу.

„Со неограничената израелска агресија насочена кон Либан сега сме во непознати води. Интензивното бомбардирање продолжува со несмалено темпо, без да се прави разлика меѓу цивилните и воените цели“, рече Фидан на состанокот на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата на Блискиот Исток.

„Советот за безбедност мора да се посвети на својата суштинска задача“, нагласи Фидан и додаде:

„Ве повикувам сите да ја прекинете оваа војна и израелската агресија“.

Министерот Фидан рече дека „само“ мир ќе ја осигура безбедноста на Израел, а тој мир ќе дојде „само“ преку решение за две држави меѓу Израел и Палестина.

Фидан побара итен договор за прекин на огнот во Газа и рече дека Нетанјаху „постојано избегнува да се реализира таков договор“.

Турскиот министер посочи дека Нетанјаху ќе продолжи со своите „геноцидни акти“ сè додека меѓународната заедница, особено Советот за безбедност, не изврши „вистински притисок“ врз Израел да престане, и нагласи дека Советот „за жал“ не успеал да се погрижи Израел да ги спроведе донесените резолуции.

„Политичките или индивидуалните интереси на Нетанјаху и неговите фундаменталистички партнери не смеат да ја загрозат регионалната стабилност и меѓународниот поредок“, истакна шефот на турската дипломатија Фидан.

Туркије го поддржува решението со две држави за израелско-палестинскиот конфликт, вклучително и формирање на независна и суверена палестинска држава заснована на границите од 1967 година, со источен Ерусалим како главен град.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.