свет

„Кувајт Ервејс“ од безбедносни причини ги суспендираше летовите кон Бејрут

Компанијата на социјалните мрежи соопшти дека таква одлука донела по безбедносните предупредувања за опасност во воздушниот простор околу Либан

Zeynep Hilal Karyağdı  | 12.04.2018 - Обновена : 13.04.2018
„Кувајт Ервејс“ од безбедносни причини ги суспендираше летовите кон Бејрут

Kuwait

КУВАЈТ (АА) - Авиокомпанијата „Кувајт Ервејс“ (Kuwait Airways)од безбедносни причини ги суспендираше летовите кон Бејрут во Либан, почнувајќи од денеска, јавува Anadolu Agency (AA).

Компанијата на друштвените мрежи соопшти дека таква одлука донела по безбедносните предупредувања за опасност во воздушниот простор околу Либан, поради што од денеска се суспендирани сите летови кон Бејрут.

Европската организација за контрола на летови (Eurocontrol) на 11 април ги предупреди авиокомпаниите што летаат во источниот дел од Медитеранот за можни воздушни напади врз Сирија во следните 72 часа.

Организацијата предупреди дека би можело да дојде до прекин во радиокомуникациите и нарушувања на навигацијата.

Американскиот претседател Доналд Трамп на друштвените мрежи ѝ порача на Русија да биде подготвена, објавувајќи: „Не требаше да бидете партнер со животно кое со гас го убива сопствениот народ и ужива во тоа“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın