свет

„Процесот во врска со прекинот на огнот во Газа е конструктивен“

- Белата куќа објави дека индиректните преговори меѓу Израел и Хамас во врска со договорот за прекин на огнот и размена на затворениците во Појасот Газа напредуваат „конструктивно“

Ayşe İrem Tiryaki  | 24.08.2024 - Обновена : 24.08.2024
„Процесот во врска со прекинот на огнот во Газа е конструктивен“

АНКАРА (АА) - Белата куќа објави дека индиректните преговори меѓу Израел и Хамас во врска со договорот за прекин на огнот и размена на затворениците во Појасот Газа напредуваат „конструктивно“, известува Анадолу.

Американскиот советник за национална безбедност во Белата куќа, Џон Кирби, даде изјава за медиумите во врска со преговорите за прекин на огнот и размената на затвореници во Појасот Газа.

Зборувајќи дека во Каиро, главниот град на Египет, има „конструктивни консултации“ во тековните преговори за договорот , Кирби посочи дека преговорите продолжуваат.

Истакнувајќи дека процесот „се движи напред“, Кирби рече: „Критично е сите да учествуваат во овие дискусии и страните да продолжат да работат на имплементација“.

Кирби нагласи дека не е точна веста дека процесот „е речиси во колапс“ и додаде: „Постигнат е напредок. Сега ни треба двете страни да се соберат и да работат на имплементација“.

Советникот Џон Кирби додаде дека на разговорите ќе присуствува и директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), Вилијам Барнс.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.