свет

„Тритопс“, хотелот во Кенија каде Елизабета дојде како принцеза, а замина како кралица

И покрај тоа што Елизабета Втора беше крунисана со официјална церемонија во 1953 година, една година подоцна, хотелот „Тритопс“ се сметаше за првото место каде што „ја користела титулата кралица“

Gökhan Kavak  | 12.09.2022 - Обновена : 18.09.2022
„Тритопс“, хотелот во Кенија каде Елизабета дојде како принцеза, а замина како кралица Фото: Billy Mutai/AA

ИСТАНБУЛ (АА) - ЃОКХАН КАВАК -

Хотелот „Тритопс“, каде што англиската кралица Елизабета Втора ја дозна веста дека е на тронот во 1952 година за време на нејзиното патување во Кенија, повторно дојде на дневен ред по нејзината смрт на 96-годишна возраст, пишува Агенција Анадолија (АА).

Елизабета Втора, која дојде како принцеза во хотелот „Тритопс“ во Националниот парк Абердаре на северот на Кенија, го напушти хотелот како кралица по смртта на нејзиниот татко.

Елизабета Втора ја добила веста дека нејзиниот татко починал на 6 февруари 1952 година додека патувала во Кенија.

Таа исто така во Кенија ја дознава веста дека го зазема местото на својот татко.

Елизабета Втора, најстарата ќерка, која стапна на тронот на 26-годишна возраст по смртта на нејзиниот татко кралот Џорџ VI, остана на тронот цели 70 години и стана „монарх со најдолго владеење во британската историја“.

За време на нејзиното патување во Кенија заедно со нејзиниот сопруг престојувале во соба 18 во хотелот „Тритопс“, изграден од дрво покрај мало езеро.

Патувајќи во Кенија како принцеза, Елизабета Втора ја прима од нејзиниот сопруг, принцот Филип, веста за ненадејната смрт на нејзиниот татко, кралот Џорџ VI.

Во хотелот „Тритопс“ илјадници километри оддалечен од Лондон, Елизабета Втора влезе како принцеза, а излезе како кралица и се врати во Англија.

И покрај тоа што Елизабета Втора беше крунисана со официјална церемонија во 1953 година, една година подоцна, хотелот „Тритопс“ се смета за првото место каде што ја користела титулата кралица.

- Изгоре во бунтот организиран против Британците -

Хотелот „Тритопс“ остави свој белег во историјата на Британската Монархија во 1952 година.

За прв пат хотелот „Тритопс“ е изграден во 1932 година, а беше многу оштетен во 1954 година за време на бунтот на Мау Мау против британскиот колонијализам.

Хотелот беше запален од кениските бунтовници кои се бореа против Британците. Беше повторно изграден неколку години подоцна во истата област.

„Тритопс“ е познат и како „куќа од дрво“. Со години привлекува внимание со тоа што на своите гости им нуди можност да уживаат во природниот и див свет.

Хотелот има 35 соби и е домаќин е на илјадници гости веќе речиси еден век.

Хотелот беше затворен во 2021 година поради избувнувањето на Ковид-19, скоро 70 години по доаѓањето на Елизабета на тронот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.