свет

„Aфриканска плетенка“ – фризура која во исто време e одраз на идентитет и историја

Мипо Тчинку Едит Флауре, претседателката на Здружението за промоција на богатството на Камерун: „Секоја етничка група во Африка има свој модел на ‘африканска плетенка‘“

Ahmet Emin Dönmez  | 30.05.2022 - Обновена : 31.05.2022
„Aфриканска плетенка“ – фризура која во исто време e одраз на идентитет и историја Фото: Дониа Гахар / АА

ЈАУНДЕ (АА)

- Ахмет ЕМИН ДОНМЕЗ


Фризурата „африканска плетенка“, која неодамна стана популарна низ целиот свет, во Африка не се користи само како фризура, туку и како социјален идентитет.

Фризурата со африкански плетенки се прави со додавање на синтетичка коса на косата или со обликување на косата. Таа е различна кај секоја етничка група во земјите од Африка.

Некои видови „африканска плетенка“, која од неодамна почна да се користи и од мажите, понекогаш го одразуваат социјалниот статус, а понекогаш ја симболизираат етничката група на која припаѓаат.


- „Секоја етничка група во Африка има свој модел на ‘африканска плетенка‘“

Мипо Тчинку Едит Флауре, претседателката на Здружението за промоција на богатството на Камерун, во изјавата за дописникот на АА се осврна за значењето и историјата на „африканската плетенка“.

Наведувајќи дека африканската плетенка е најстарата фризура во светот, Флауре рече: „Секоја етничка група во Африка има свој модел на ‘африканска плетенка‘.“

Флауре нагласи дека етничките групи од домородците на Африка, како што се Волофс, Фангс, Фулани, Мандинго, Масаи, Оромо, Банту, Јоруба, Хауса, Бамилеке користат модел на „африканска плетенка“ што ја одразува географијата во која живеат и нивното културно богатство.

Изразувајќи дека моделите на плетење во Африка ги одразуваат социјалните услови како што се брачниот статус, возраста, богатството и чинот, Флауре рече дека плетењето се разликува и според активностите како што се погреби и свадби на кои лицето присуствува.


- „Африканската плетенка претставуваше метод на комуникација меѓу робовите на кои не им беше дозволено да разговараат меѓу себе“

Нагласувајќи дека ропството имало големо влијание врз африканската историја и култура, Флауре рече: „Африканската плетенка претставуваше метод на комуникација меѓу робовите на кои не им беше дозволено да разговараат меѓу себе.“

Флауре нагласи дека робовите цртале планини, ридови и премини во регионот со плетенка во косата за да ги покажат патиштата за бегство на нивните пријатели.

Подвлекувајќи дека Африка минува низ многу трагичен период на експлоатација, Флаурe рече: „Робовите чуваа ориз во плетениот дел од косата и потоа го јадеа тој ориз за да не умрат од глад.“

Додавајќи дека долги години африканските робови живееле далеку од сопствената култура, Флауре истакна:

„Косата на африканските робови кои беа однесени во Америка и Европа беше целосно потстрижена без да се прави разлика помеѓу мажите и жените. Со трендот 'nappy', кој беше воведен во 2000-тите за да ги поттикне Африканците да ја користат нивната природна коса, „африканската плетенка“ повторно почна да привлекува внимание низ целиот свет. Овој тренд не беше само мода, туку беше и израз на враќање на сопствениот идентитет.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.