свет

15 деца и 8 жени се меѓу жртвите на израелскиот напад на училиштето во Газа

– 31 Палестинец загинаа, а 100 се ранети во израелските напади врз училиштето во кое се наоѓаа раселените Палестинци.

Ikrame Imane Kouachi  | 27.07.2024 - Обновена : 27.07.2024
15 деца и 8 жени се меѓу жртвите на израелскиот напад на училиштето во Газа

ГАЗА (АА) - Најмалку 15 деца и 8 жени се меѓу 31 Палестинец убиенı во израелски воздушен напад врз училиштето Кадија во Деир ал Балах, во централниот дел на Појасот Газа, соопшти денес владината канцеларија за медиуми, известува Анадолу.

Претходно, канцеларијата за медиуми на владата во Газа соопшти дека 31 Палестинец, меѓу кои и деца, се убиени, а 100 се ранети кога израелски воени авиони го бомбардирале училиштето, кое служело и како мобилна болница.

Канцеларијата за медиуми во соопштението наведе дека три проектили го погодиле објектот во која се сместени илјадници раселени лица.

Израелската војска претходно призна дека го гаѓала училиштето, тврдејќи дека во него се наоѓа команден центар на Хамас, се наведува во изјавата на портпаролот на израелската армија, Авичај Адраи.

Хамас го осуди нападот, тврдејќи дека во училиштето се сместени „раселени невини цивили, главно жени и деца“.

Прекршувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот, Израел спроведува брутални напади со неселективно бомбардирање на цивилни населби, училишта, верски објекти и болници во Појасот Газа убивајќи повеќе од 39.258 Палестинци и ранувајќи над 90.589.

Израел е обвинет за геноцид од Меѓународниот суд на правдата, кој му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине својата воена операција во јужниот град Рафа

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, чија последна пресуда им наложи на израелските власти веднаш да ја прекинат воената операција во јужниот град Рафа, каде што повеќе од милион Палестинци побараа засолниште од војната пред да биде нападнат на 6 мај.

И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарната помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.