Aвиони на САД и Велика Британија со патролен лет на границата со Украина
Американскиот извидувачки авион, што полетал од воздухопловната база „Михаил Коглничану“ во пристанишниот град Констанца, Романија, извршил патролен лет на исток и север на границата на Романија со Русија
АНКАРА (АА) - Авиони на Соединетите Американски Држави (САД) и на Велика Британија извршиле патролен лет на границата со Украина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во веста на „Remix News“, базирана на податоците на веб-страницата за следење на авиони „Flightradar 24“, се наведува дека авионите на воздухопловните сили на НАТО внимателно ја следат состојбата во Украина и одржуваат висок степен на подготвеност.
Се истакнува дека американскиот извидувачки авион, што полетал од воздухопловната база „Михаил Коглничану“ во пристанишниот град Констанца, Романија, извршил патролен лет на исток и север на границата на Романија со Русија.
Пријавено е дека два авиони за полнење гориво од типот „Боинг KC-135 Стратотанкер“ исто така правеле кругови источно од Краков, Полска, на околу 150 километри од украинската граница.
Се наведува дека во истата област патролирал и авион од типот „F-35 лајтнинг“.
Авионите, за кои се наведува дека припаѓаат на САД, полетале од воздухопловната база „Рамштајн“ во Германија.
Покрај американските авиони што патролираат во регионот, авион на британското кралско воздухопловство „Милденхол“ е виден и во северниот дел на романскиот град Брашов.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.