спорт

Американката Коко Гоф победничка на УС Опен во женска конкуренција

- Гоф со оваа победа го освои својот прв Гранд слем турнир

Selçuk Buğra Gökalp  | 10.09.2023 - Обновена : 11.09.2023
Американката Коко Гоф победничка на УС Опен во женска конкуренција Фото: Лев Радин / АА

ЊУЈОРК (АА) - Американската тенисерка Коко Гоф го освои УС Опен со победата извојувана во финалето над Белорусинката Арина Сабаленка со резултат 2:1, известува Анадолу.

Сабаленка го освои првиот сет со резултат 6:2, но потоа 19-годишната Американка заигра одлично и го освои вториот сет со резултат 6:3. Третиот сет Гоф го доби со резултат 6:2 и извојува голема победа од 2:1 со која ја освои шампионската титула на УС Опен.

Гоф со оваа победа го освои својот прв Гранд слем турнир.

Сабаленка, која победи на Австралија Опен 2023 и која во понеделник ќе биде најдобро рангирана тенисерка на светската ВТА листа, ја пропушти можноста да го освои својот втор голем турнир во 2023 година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın