спорт

Аргентина ја освои Копа Америка 2024

Финалето што се одржа на стадионот Хард Рок во Мајами започна со околу 1,5 час доцнење поради безбедносни проблеми предизвикани од навивачите што се обидуваа да влезат без билети

Selçuk Buğra Gökalp  | 15.07.2024 - Обновена : 18.07.2024
Аргентина ја освои Копа Америка 2024 Фото: Miguel Rodriguez/АА

АНКАРА (АА) - Аргентина ја освои Копа Америка 2024 победувајќи ја Колумбија со резултат 1:0 во продолженијата откако редовното време заврши 0:0, јавува Анадолу.

Финалето што се одржа на стадионот Хард Рок во Мајами започна со околу 1,5 час доцнење поради безбедносни проблеми предизвикани од навивачите што се обидуваа да влезат без билети.

Во финалето на турнирот организиран од Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ) во САД, Аргентина, која на последните 61 натпревар е поразена само двапати, ја победи Колумбија, која помина без пораз 28 натпревари, со голот на Лаутаро Мартинез во 112. минута.

Аргентинската ѕвезда Лионел Меси се здоби со повреда на грбот во 64. минута од натпреварот и во 66. минута беше заменет од Николас Гонзалес.

Со оваа победа Аргентина ја освои својата 16. титула на турнирот, со што стана тим со најмногу победи во историјата на натпреварувањето.

Аргентина претходно ги освои куповите во 1921, 1925, 1927, 1929, 1937, 1941, 1945, 1946, 1947, 1955, 1957, 1959, 1991, 1993 и 2021 година.

Светски познатата колумбиска пејачка Шакира одржа концерт на паузата за полувремето.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.