Венецуела: Претседател на познат фудбалски клуб загина во авионска несреќа
- Шест лица загинаа во авионска несреќа во Венецуела. Меѓу нив е и Кристијан Тони, претседателот на фудбалскиот клуб Естудиантес де Мерида

БОГОТА (АА) - Шест лица загинаа во авионска несреќа која се случи во венецуелската покраина Миранда, јавува Агенција Анадолија (АА).
Авион од типот „Лирџет 55“ се сруши на местото Чаралаве, а во него се наоѓаа шест лица, вклучително два пилоти.
Локалната полиција соопшти дека во несреќата починале сите шест лица што се наоѓале во авионот.
Меѓу починатите е и Кристијан Тони, претседателот на еден од најпознатите фудбалски клубови во Венецуела, Естудиантес де Мерида.
Фудбалскиот сојуз на Венецуела ја потврди веста и упати порака со сочувство на семејството на починатиот Тони и на целата спортска јавност во земјата.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.