спорт

ЕВРО 2024: Шпанија ја совлада Англија и по четврти пат се искачи на тронот

Првото полувреме на Олимпискиот стадион во Берлин се играше многу внимателно од двете страни, па не се виде ниту една сериозна можност за гол

Dejan Maksimovic  | 15.07.2024 - Обновена : 18.07.2024
ЕВРО 2024: Шпанија ја совлада Англија и по четврти пат се искачи на тронот Фото: Oğuz Yeter/АА

БЕРЛИН (АА) – Шпанската фудбалска репрезентација по четврти пат стана шампион на Европа откако во финалето на ЕВРО 2024 синоќа во Германија ја совлада Англија со 2:1, јавува Анадолу.

Првото полувреме на Олимпискиот стадион во Берлин се играше многу внимателно од двете страни, па не се виде ниту една сериозна можност за гол. Главно се играше на средината на теренот, а од далечина се обидоа Дани Олмо од едната и Хери Кејн од другата страна, но двата удара беа блокирани. Дури во судиското продолжување на првиот дел Фил Фоден пропушти шанса за Англичаните.

Продолжението феноменално го отворија Шпанците. Во 47. минута Ламине Јамал ја повлече топката од десната страна, а потоа на другата страна Ника Вилијамс, кој брилијантно шутираше од десетина метри, ја затресе мрежата за водство од 1:0. Само две минути подоцна нова одлична можност за „црвената фурија“, но Дани Олмо шутираше лошо од одлична ситуација, покрај голот.

Во 55. минута уште една стопроцентна шанса за Шпанија. Аларо Мората тргна дијагонално оддесно пред Џордан Пикфорд, кој го совлада, но интервенираше англиската одбрана. Во продолжението од акцијата Вилијамс се обиде од врвот на шеснаесетникот, но топката отиде покрај голот.

Англичаните се разбудија во последниот половина час од играта, па Џуд Белингем се закани во 63. минута, но неговиот обид од дваесетина метри заврши покрај голот. Три минути подоцна Шпанија можеше да зголеми на 2:0, но Пикфорд одлично интервенираше по ударот на Јамал.

Во 73. минута Англија одигра прекрасна акција, која ја заврши Кол Палмер со уште поубав удар од дваесетина метри постигнувајќи гол. Јамал уште еднаш имаше одлична шанса да ги врати Шпанците во водство во 82. минута, но Пикфорд повторно одлично одбрани.

Подобрата игра во текот на второто полувреме ја круниса Шпанија во 87. минута, кога Микел Ојарзабал го совлада Пикфорд по центаршутот на Марко Кукурела. Во 90. минута Англичаните имаа дури три шанси од корнер, но сите три обиди со глава не завршија во мрежата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın