спорт

Катар угости над 1,4 милиони посетители во текот на Светското првенство

„Ова натпреварување обезбеди платформа за културна размена на ниво невидено досега во историјата“

Mohammad Farid Mahmoud Abdullah  | 19.12.2022 - Обновена : 21.12.2022
Катар угости над 1,4 милиони посетители во текот на Светското првенство

ДОХА (АА) – Катар беше домаќин на над 1,4 милиони посетители од целиот свет за време на Светското првенство во фудбал 2022, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Аргентина ја освои титулата светски шампион синоќа откако во финалето ја совлада Франција на пенали.

Државната новинска агенција КНА соопшти дека кумулативната посетеност на натпреварите на Светското првенство достигнала 3,4 милиони, со просечна посетеност од 53.000 навивачи по натпревар.

„Ова беше неверојатно издание на Светското првенство на ФИФА - и првенство што ќе постави репер за идните домаќини на мега-настанот“, изјави Хасан Ал Тавади, генералниот секретар на Врховниот комитет за испорачување и наследство и претседател на Светското првенство на ФИФА „Катар 2022“.

„Ова натпреварување обезбеди платформа за културна размена на ниво невидено досега во историјата“, додаде тој.

На Светското првенство на ФИФА, „Катар 2022“, кое започна на 20 ноември, а заврши на 18 декември, за прв пат беше домаќин арапска земја.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.