спорт

Манчестер Јунајтед се соочува со уште 200 откази

Сер Џејмс Артур Ратклиф, шеф на групацијата ИНЕОС и косопственик на Манчестер Јунајтед со контрола над спортскиот сегмент на клубот, размислува да отпушти 200 вработени, со цел да ги покрие загубите

Selçuk Buğra Gökalp  | 12.02.2025 - Обновена : 14.02.2025
Манчестер Јунајтед се соочува со уште 200 откази

АНКАРА (АА) – Финансиските проблеми на Манчестер Јунајтед ќе доведат до нови 200 откази, објавија британските медиуми денес, пренесува Анадолу.

Сер Џејмс Артур Ратклиф, шеф на групацијата ИНЕОС и косопственик на Манчестер Јунајтед со контрола над спортскиот сегмент на клубот, размислува да отпушти 200 вработени, со цел да ги покрие загубите на „Црвените ѓаволи“, кои последниве три години надминале 300 милиони фунти (375 милиони долари), објави Џејми Џексон, фудбалскиот дописник за „Гардијан“ од Манчестер.

Минатата есен тимот од Премиер лигата веќе отпушти 250 вработени.

Во ноември англискиот клуб објави дека платил над 25 милиони долари за да го отпушти поранешниот менаџер Ерик тен Хаг и да го ангажира Рубен Аморим како негов наследник.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın