Почина првиот човек кој претрча 1,6 километри за помалку од 4 минути
Британецот Роџер Банистер на 6. мај 1954 година претрча четири круга за 3 минути и 59,4 секунди, што за многумина во тоа време беше недостижен резултат

London
ЛОНДОН (АА) - Роџер Банистер, првиот атлетичар кој претрча една милја (1,6 километри) за помалку од 4 минути, почина во 88. година од животот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Семејството Банистер соопшти дека Британецот починал во саботата во Оксфорд.
Банистер на 6. мај 1954 година претрча четири круга за 3 минути и 59,4 секунди, што за многумина во тоа време беше недостижен резултат.
Неколку месеци подоцна, Банистер го победи и австралискиот противник Џон Ленди во трката позната како „милја на векот”, на игрите на Комонвелтот во Ванкувер, кога двајцата претрчаа една милја за помалку од 4 минути.
Од атлетиката се откажал со цел да ја продолжи својата долгогодишна и богата лекарска кариера.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.