спорт

Уапсен поранешниот бразилски фудбалер Робињо

Робсон де Соуза беше еден од шестемина мажи што беа прогласени за виновни за напад на жена во италијански ноќен клуб во 2013 година додека играше за Милан.

Abdulkadir Karakaya  | 22.03.2024 - Обновена : 26.03.2024
Уапсен поранешниот бразилски фудбалер Робињо

Istanbul

ИСТАНБУЛ (АА) - Уапсен е поранешниот бразилски фудбалер Робсон де Соуза, познат како Робињо, кој беше осуден на девет години затвор поради учество во групно силување на жена во Италија, пренесува Анадолу.

Според извештаите на бразилските медиуми, највисокиот суд во земјата го одбил барањето на Робињо за одложување на неговото апсење, одлучувајќи дека одлуката за притвор може да се задржи.

По пресудата федералната полиција го уапсила 40-годишникот во неговиот дом во Сантос.

Де Соуза беше еден од шестемина мажи што беа прогласени за виновни за напад на жена во италијански ноќен клуб во 2013 година додека играше за Милан.

Италијанскиот суд го прогласи фудбалерот за виновен во 2017 година.

Робињо во текот на кариерата настапуваше за врвни тимови, вклучително Реал Мадрид и Манчестер Сити.

Четириесетгодишниот Бразилец настапи и на 100 натпревари за бразилската репрезентација и постигна 28 гола.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.