спорт

ФИФА започна дисциплинска постапка против Србија за транспарентот за Косово

Во соблекувалната беше истакната карта на Србија со територијата на поранешната покраина, која веќе 15 години е самостојна држава, заедно со слоганот „Нема предавање“

Kemal Zorlak  | 27.11.2022 - Обновена : 30.11.2022
ФИФА започна дисциплинска постапка против Србија за транспарентот за Косово

ДОХА (АА) - Светската фудбалска федерација (ФИФА) започна дисциплинска постапка против Фудбалскиот сојуз на Србија поради истакнување политички транспарент за соседната независна држава Косово во соблекувалната, пред натпреварот против Бразил на Светското првенство во Катар, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во соблекувалната беше истакната карта на Србија со територијата на поранешната покраина, која веќе 15 години е самостојна држава, заедно со слоганот „Нема предавање“, објави АП.

На социјалните мрежи кружеа фотографии од транспарентот закачен над шкафот на Милош Вељковиќ и Андрија Живковиќ во пресрет на поразот на српската репрезентација од Бразил со 0:2 од Бразил во четвртокот во Катар.

Фудбалскиот сојуз на Косово официјално се пожали до ФИФА, а косовскиот министер за спорт, Хајрула Чеку, ја опиша сликата како користење на Светското првенство за промовирање пораки полни со омраза.

ФИФА се повика на својот дисциплински кодекс што се однесува на недолично однесување, вклучувајќи „навредливи гестови, знаци или јазик“ и „користење спортски настан за демонстрирање на неспортска природа“.

Од ФИФА не најавија кога треба да биде изречена пресудата, а Србија следниот натпревар на Мундијалот ќе го игра утре (понеделник) против Камерун.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.