спорт

Фудбалски меч во Мавританија прекинат поради наезда на инсекти

Натпреварот е прекинат во 25. минута при резултат 0:0 поради безбедноста на играчите, официјалните претставници и гледачите

Ömer Erdem  | 30.10.2022 - Обновена : 01.11.2022
Фудбалски меч во Мавританија прекинат поради наезда на инсекти

КАРТУМ (АА) - Прволигашки фудбалски натпревар во Мавританија помеѓу Ел Џемарик и АДК Модерне Каеди беше прекинат поради големите роеви инсекти на стадионот во главниот град Нуакшот, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението на Фудбалскиот сојуз на Мавританија се наведува дека натпреварот игран синоќа морало да биде прекинат поради големите роеви инсекти на стадионот.

Се додава дека натпреварот е прекинат во 25. минута при резултат 0:0, првенствено поради безбедноста на играчите, официјалните претставници и гледачите.

Натпреварот продолжи утринава, а екипата на Ел Џемарик победи со резултат 4:0.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.