Турција

Авионите со пациенти од Газа синоќа пристигнаа во Туркије

Авионите што полетаа од египетскиот аеродром „Ал Ариш“, слетаа синоќа на аеродромот „Есенбога“ во Анкара

Aykut Karadağ, Burcu Çalık Göçümlü, Cankut Taşdan  | 16.11.2023 - Обновена : 16.11.2023
Авионите со пациенти од Газа синоќа пристигнаа во Туркије

АНКАРА (АА) - Два турски авиона во кои се наоѓаа пациенти заболени од рак и нивните придружници евакуирани од Газа, пристигнаа во Туркије, јавува Анадолу.

Авионите што полетаа од египетскиот аеродром „Ал Ариш“, слетаа синоќа на аеродромот „Есенбога“ во Анкара.

Министерот за здравство на Туркије, Фахретин Коџа, се врати во Анкара од Египет заедно со пациентите, по бројните состаноци одржани во Египет, со цел давање здравствена помош за Газа и префрлување на пациентите и повредените во Туркије.

Пациентите, кои се евакуирани од Газа, прво пристигнаа на аеродромот „Ал Ариш“ со возила на итната помош, а потоа се сместени во авионот на турското Претседателство и на Министерството за одбрана. По завршеното сместување на пациентите, авионите полетаа кон Туркије.

Авионите со пациентите во турската престолнина Анкара синоќа ги пречекаа медицински екипи.

Лекувањето на пациентите ќе продолжи во Градската болница Билкент во Анкара.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın