Турција

Аеродромот „Истанбул“ прв во Европа по карго превозот

„Аеродромот 'Истанбул' се наоѓа на прво место меѓу првите 10 аеродроми со најдобар карго превоз во Европа. Аеродромот 'Истанбул' не се симнува од врвот“

Mustafa Çalkaya  | 01.08.2023 - Обновена : 03.08.2023
Аеродромот „Истанбул“ прв во Европа по карго превозот

АНКАРА (АА) - Аеродромот „Истанбул“ го зазеде првото место меѓу 10-те аеродроми со најдобар карго превоз во Европа во првата половина од годината, јавува Анадолу.

Оваа информација на својот профил на социјалните мрежи ја потврди турскиот министер за транспорт и инфраструктура, Абдулкадир Уралоглу.

„Аеродромот 'Истанбул' се наоѓа на прво место меѓу првите 10 аеродроми со најдобар карго превоз во Европа. Аеродромот 'Истанбул' не се симнува од врвот“, истакна Уралоглу.

Министерот сподели и листа на првите пет аеродроми што имале најголем карго сообраќај во првата половина од годината:

1. Аеродром „Истанбул“

2. Аеродром „Милано Малпенса“

3. Аеродром „Лајпциг Хале“

4. Аеродром „Мадрид“

5. Аеродром „Келн-Бон“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın