Турција

Терористички напад во Анкара, ранети двајца полицајци

„Нашата борба продолжува одлучно сé додека не биде неутрализиран и последниот терорист“, порача министерот Јерликаја

Barış Kılıç  | 01.10.2023 - Обновена : 02.10.2023
Терористички напад во Анкара, ранети двајца полицајци Фото: Evrim Aydın/AA

АНКАРА (АА) - Турскиот министер за внатрешни работи, Али Јерликаја, изјави дека двајца терористи, кои дошле со мало возило пред влезот на Генералната дирекција за безбедност во Анкара, извршиле бомбашки напад, јавува Анадолу.

Јерликаја во објава на социјалните мрежи соопшти дека двајца полицајци се полесно повредени.

„Околу 9:30 часот (по локално време, заб.ав.) двајца терористи кои со помало возило дошле пред влезот на Генералната дирекција за безбедност при Министерството за внатрешни работи, извршија бомбашки напад. Еден од терористите се разнесе, а другиот терорист е неутрализиран. При отворениот оган полесно се ранети двајца наши полицајци. На нашите херои им посакувам брзо закрепнување“, рече турскиот министер Јерликаја.

„Нашата борба продолжува одлучно сé додека не биде неутрализиран и последниот терорист“, додаде Јерликаја.

По експлозијата и истрелите што се слушнаа во близина на зградата на министерството во Кизилај, главниот градски центар во Чанкаја, полициските сили презедоа зголемени безбедносни мерки.

Главниот булевар „Ататурк“ е затворен за сообраќај поради експлозијата во чија близина е една од капиите на Големото народно собрание.

На местото на настанот е испратена и полиција за специјални операции. На терен се и противпожарната бригада и медицински екипи.

Големото народно собрание започнува со работа попладнево по тримесечна пауза.

- Обвинителството во Анкара започна истрага за терористичкиот напад -

Обвинителството во Анкара започна истрага во врска со терористичкиот напад на Генералната дирекција на полицијата, а донесена е и одлука за забрана за емитување на поврзани содржини.

„Државното обвинителство во Анкара започна истрага за нападот на терористите на влезот на Генералната дирекција на полицијата на 1 октомври 2023 година. По нападот, Судот во Анкара донесе одлука за забрана за емитување на поврзани содржини“, се наведува во соопштението на Обвинителството.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.