Турција

Борбеното беспилотно летало од новата генерација на Туркије го изврши првиот лет

- АНКА III има голем капацитет за носивост и помалку е видлив на радарот со структурата без опашка, според производителот ТАИ

Gökhan Ergöçün  | 28.12.2023 - Обновена : 30.12.2023
Борбеното беспилотно летало од новата генерација на Туркије го изврши првиот лет

ИСТАНБУЛ (АА) – Новата генерација на турскиот борбен авион АНКА III го изврши својот прв лет, објави претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, пренесува Анадолу.

АНКА III е систем што е побрз благодарение на млазниот мотор, има голем капацитет за носивост и помалку е видлив на радарот со неговата структура без опашка, според производителот Туркиш Аероспејс Индустри (ТАИ).

Борбеното беспилотно летало извршува различни мисии, како што се извидување, надзор и разузнавање, со муниција воздух-земја, муниција воздух-воздух и радарски системи.

Неговата максимална брзина е 0,7 мах, а максималната надморска височина е 40.000 стапки.

Ердоган во објавата на социјалната платформа X нагласи дека АНКА III, беспилотен борбен авион развиен од ТУСАШ, успешно го изведе првиот лет.

„Се надеваме дека нашиот авион ќе даде силен придонес во одбраната на нашата земја со своите напредни технологии, дизајн и карактеристики“, рече Ердоган.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın