Турција

Високи турски претставници во посета на Ирак на разговори за безбедноста и антитерористичките активности

Состанокот ќе се фокусира на безбедносната и воената соработка, како и на искоренувањето на присуството од терористичката организација ПКК во Ирак

Emre Başaran  | 14.03.2024 - Обновена : 15.03.2024
Високи турски претставници во посета на Ирак на разговори за безбедноста и антитерористичките активности

БАГДАД (АА) - Тројца високи турски претставници денес ќе присуствуваат на безбедносен состанок со ирачките претставници во Багдад, јавува Анадолу.

Состанокот, на кој ќе присуствуваат турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, министерот за национална одбрана Јашар Ѓулер и шефот на Националната разузнавачка служба (МИТ) Ибрахим Калин, ќе се фокусира на безбедносната и воената соработка, како и на искоренувањето на присуството од терористичката организација ПКК во Ирак, приоритетна цел поставена од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Се очекува на средбата двете страни да разговараат за развивање заедничко разбирање за борбата против тероризмот и преземање конкретни чекори во таа насока.

Турскиот министер Фидан денес отпатува кон главниот град Багдад за да присуствува на безбедносниот состанок на министерско ниво, соопштија дипломатски извори и додадоа дека Фидан полетал од аеродромот Есенбога во Анкара во 11:35 часот по локално време.

Туркије, исто така, планира да ги зајакне своите односи со Багдад преку развојниот проект за патишта Туркије-Ирак.

Со имплементацијата на овој проект, Ирак има за цел да го скрати времето на патување меѓу Азија и Европа преку Туркије со големото пристаниште Ал Фав - првата фаза од проектот за развој на патиштата кога ќе стане транзитен центар.

Железничката пруга и автопатите од проектот во должина од 1.200 километри ќе го поврзуваат пристаништето, кое треба да биде најголемото пристаниште на Блискиот Исток. Планирано е да се заврши до турската граница до 2025 година со очекувана цена на чинење од 17 милијарди долари.

На состанокот во Багдад ќе се разговара и за енергетските прашања. Во овој контекст, ќе се оценува унапредувањето на ресурсите на природен гас во Ирак и нивната испорака на меѓународните пазари и продолжувањето на работата на нафтоводот Ирак-Туркије.

Се очекува турскиот претседател Ердоган да го посети Ирак во април.

По завршувањето на контактите во Ирак, министерот Фидан се очекува вечерва да замине за Баку, Азербејџан.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.