Турција

Во Истанбул започна инспекцијата на првиот брод со жито од Украина

Бродот „Разони“ под знамето на Сиера Леоне, кој заплови од пристаништето Одеса и кој превезува 27.000 тони пченка, се закотви во областа наменета за него кај Румелифенери во Истанбул

Kaan Bozdoğan  | 03.08.2022 - Обновена : 03.08.2022
Во Истанбул започна инспекцијата на првиот брод со жито од Украина

ИСТАНБУЛ (АА) - Претставници на Русија, Украина, Туркије (Турција) и на Обединетите нации (ОН) кои работат во Заедничкиот координативен центар формиран во кампусот на Универзитетот за национална одбрана, со два чамци заминаа да извршат инспекциски надзор на бродот од Украина натоварен со пченка кој пристигна во Истанбул синоќа, јавува Агенција Анадолија (АА).

Бродот „Разони“ под знамето на Сиера Леоне, кој заплови од пристаништето Одеса и кој превезува 27.000 тони пченка, се закотви во областа наменета за него кај Румелифенери во Истанбул синоќа околу 21 часот.

Заедничкиот инспекциски тим од центарот, кој ја следи и надгледува пловидбата на бродот, со чамците „Милева“ и „Ѓозџу-1“ тргнаа во инспекција на бродот.

Делегацијата ќе изврши инспекциски надзор на трговскиот брод во согласност со договорените процедури и принципи.

Заедничкиот координативен центар започна со своите активности во согласност со одредбите од Иницијативниот документ за безбедна испорака на жито и прехранбени производи од украинските пристаништа меѓу Туркије, Русија, Украина и Обединетите нации (ОН), под покровителство на претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.