Турција

Во Истанбул ќе се одржи Меѓународниот фестивал за култура и етно спортови

Фестивалот на култура и етно спортови ќе се одржи во период од 9 до 13 мај во турскиот град Истанбул, во организација на Светската конфедерација на Етноспортови

Hatice Şenses Kurukız  | 02.05.2018 - Обновена : 03.05.2018
Во Истанбул ќе се одржи Меѓународниот фестивал за култура и етно спортови (Foto: Onur Çoban/ AA)

Istanbul

ИСТАНБУЛ (АА) - Фестивалот за култура и етно спортови ќе се одржи во периодот од 9 до 13 мај во турскиот град Истанбул, во организација на Светската конфедерација на етноспортови, пренесува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението на Конфедерацијата се наведува дека фестивалот, во чии рамки се претставуваат традиционални спортови, има за цел тие спортови да ги пренесе на новите генерации, преку побогата содржина за посетителите.

Фестивалот ќе се одржи на плоштадот „Јеникапи“ во Истанбул и ќе трае 5 дена, во чии рамки ќе бидат преставени различни боречки вештини, мангала (турска стратешка игра) и стрелање од коњ, додека оваа година фестивалот ќе биде збогатен со јастреби од Катар кои заземаат значајно место во арапскиот свет, чија вредност достигнува и до еден милион лири (над 200.000 евра). Јастребите ќе се натпреваруваат во различни категории на 400 и 800 метри.

Дел од фестивалот ќе бидат и познатите птици на Анадолија, соколите, кои се познати како најбрзи птици, чија брзина достигнува до 320 километри на час.

Претседателот на Светската конфедерација на етно спортови, Билал Ердоган, нагласи дека се обидуваат во рамките на фестивалот да ги вклучат уникатните спортови на земјите.

„Нема супериорност меѓу културите. Секоја култура е вредна“, рече Ердоган, истакнувајќи дека ваквите работи се важни за да не се изгубат трагите од сите култури.

Ердоган нагласи дека во текот на петдневниот фестивал учество ќе земат 883 спортисти во 13 дисциплини, додека во рамките на фестивалот ќе се користат 156 коњи.

„Со Фестивалот на култура и етно спортови се обидуваме да ја промовираме Турција, регионот, како и културата на земјите од Средна Азја и од Балканот. Мислиме дека со текот на времето овој фестивал ќе стане значаен и за меѓународните туристи“, додаде Ердоган.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.