Турција

Во Туркије и околината во последните месец дена регистрирани 13.000 земјотреси

АФАД објави мапа со локациите каде што се случиле земјотресите

Yusuf Soykan Bal  | 04.03.2023 - Обновена : 06.03.2023
Во Туркије и околината во последните месец дена регистрирани 13.000 земјотреси

АНКАРА (АА) - Агенцијата за вонредни состојби на Република Туркије (АФАД) објави дека во Туркије и околните региони во периодот од 6 февруари до 4 март се регистрирани близу 13.000 земјотреси, јавува Анадолу.

АФАД на својот профил на социјалните мрежи го објави бројот на земјотреси во изминатиот месец.

„АФАД од 6 февруари до 4 март во нашата земја и околината евидентирани се близу 13.000 земјотреси. Бројот на потреси регистрирани во овој месец е еднаков на бројот на земјотреси регистрирани во период од шест месеци“, наведе АФАД.

АФАД објави и мапа со локациите каде што се случиле земјотресите.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın