Турција

Во Турција по 46 години повторно виден анадолскиот леопард

Последен пат овој вид леопард е виден во 1974 година

Ekipa  | 26.05.2022 - Обновена : 01.06.2022
Во Турција по 46 години повторно виден анадолскиот леопард Фото: Министерство за земјоделство и шумарство на Турција

АНКАРА (АА) - Турското Министерство за земјоделство и шумарство објави нова снимка од анадолскиот леопард, инаку загрозен вид леопарди, јавува Агенција Анадолија (АА).

Леопардот е снимен со камера-мамка минатата година, а на снимките се гледа како тој се движи во своето природно живеалиште во Турција.

Последен пат овој вид леопард е виден во 1974 година.

Министерството не ја сподели точната локација на нивното природно живеалиште заради нивна заштита.

Снимката е споделена од Министерството по повод Меѓународниот ден на биолошкиот диверзитет, кој се одбележува на 22 мај, во обид да се зголеми свеста за прашањата за биолошката разновидност и за повиците за дејствување во правец на заштита на биолошкиот диверзитет на планетата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın