Турција

Екстремен студ од -31 степен е измерен во североисточна Туркије

- Во турската област Ардахан преку ноќта е измерена температура од -31 степен Целзиусов

Gorana Jakovljevic  | 31.01.2024 - Обновена : 03.02.2024
Екстремен студ од -31 степен е измерен во североисточна Туркије Фото: Ѓунај Нух / АА

АРДАХАН (АА) - Екстремно ниски температури го зафатија североисточниот дел на Туркије, а преку ноќта во Ардахан е измерена најниската температура на воздухот од -31 степен Целзиусов, известува Анадолу.

Во градот Ерзурум патиштата и тротоарите се прекриени со лед поради ниските температури.

Луѓето едвај се движеа, а за време на престојот надвор, на косата, веѓите и трепките, како и на капите и на шаловите се формираше иње.

Ниските температури имаат негативно влијание врз секојдневниот живот, а во многу градови, потоците и езерата се заледени.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.