Турција

Ердоган изврши пробно возење на електричниот автомобил ТОГГ

- Турскиот претседател на социјалните мрежи сподели објава во врска со ова пробно возење на прототипот на ТОГГ.

Zeynep Rakipoğlu, Sefa Mutlu  | 07.08.2022 - Обновена : 08.08.2022
Ердоган изврши пробно возење на електричниот автомобил ТОГГ

ИСТАНБУЛ

Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, изврши пробно возење на последниот прототип на турскиот автомобил на електричен погон ТОГГ, јавува Агенција Анадолија (АА).

Ердоган го изврши пробното возење по учествувањето на церемонијата за доделување „Награди за оние кои дале придонес за индустрискиот и технолошки центар Коџаели“ во Долината на технологијата во Гебзе.

Турскиот претседател на социјалните мрежи сподели објава во врска со ова пробно возење на прототипот на ТОГГ.

„На патиштата на нашата рајска татковина... Домашно и национално...“, напиша Ердоган на социјалните мрежи.

Ердоган во објавата сподели и фотографии направени за време на пробното возење.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.