Турција

Ердоган: Туркије има за цел да стане глобален центар за здравствени услуги

„Порано нашите граѓани одеа во странство за нивна дијагноза и лекување, а сега од целиот свет, милиони пациенти доаѓаат во нашата земја и трошат милијарди долари за нивниот здравствен третман.“

Faruk Zorlu, Ali Murat Alhas  | 10.06.2022 - Обновена : 11.06.2022
Ердоган: Туркије има за цел да стане глобален центар за здравствени услуги

ИСТАНБУЛ (АА) - Туркије (Турција) има за цел да стане глобален центар за здравствени услуги, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Сакаме да ја претвориме Туркије во еден од центрите за здравствени услуги низ светот. Се надеваме дека следната година земјата ќе опслужува 1,5 милиони пациенти и има за цел да добие 10 милијарди долари приход од глобалниот пазар на здравствена заштита“, рече Реџеп Таип Ердоган на инаугурацијата на Центарот за наука, технологии и истражување на престижниот Универзитет „Богазичи“ во Истанбул.

Истакнувајќи ја важноста на инвестициите на земјата во здравствениот сектор, Ердоган рече: „Порано нашите граѓани одеа во странство за нивна дијагноза и лекување, а сега од целиот свет, милиони пациенти доаѓаат во нашата земја и трошат милијарди долари за нивниот здравствен третман.“

„Сепак, не е доволно да се градат болници“, рече тој, „ние, исто така, треба да можеме да развиваме и произведуваме медицинска опрема и системи.“

Тој понатаму истакна дека Туркије е во втората фаза од развојот на своите здравствени установи.

„Се надеваме дека [во оваа фаза] ќе ја насочиме нашата енергија на развојот на таа медицинска опрема“, рече тој.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın