Турција

Ердоган: Туркије не гледа дека е можен нов преговарачки процес на Кипар без двете страни да преговараат како рамноправни

Коментирајќи ги неодамнешните изјави на грчкиот министер за одбрана, во кои ги нарече Турците „окупатори“, Ердоган рече дека коментарот „не може да биде подрзок“, повикувајќи го грчкиот премиер да го стави Дендијас „на своето место“

Esra Tekin  | 21.07.2024 - Обновена : 23.07.2024
Ердоган: Туркије не гледа дека е можен нов преговарачки процес на Кипар без двете страни да преговараат како рамноправни

ИСТАНБУЛ (АА) – Туркије не гледа дека е можен нов преговарачки процес на Кипар без двете страни на островот да седнат на маса како еднакви и да излезат како еднакви, истакна денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Анадолу.

„Искрено, не гледаме можност за почеток на нов преговарачки процес на Кипар без воспоставување равенка каде што двете страни ќе седат на маса како еднакви и ќе си заминат како еднакви“, им рече Ердоган на новинарите на летот при враќањето од официјалната посета на Турска Република Северен Кипар.

Коментирајќи ги неодамнешните изјави на грчкиот министер за одбрана Никос Дендијас, во кои ги нарече Турците „окупатори“, Ердоган рече дека коментарот „не може да биде подрзок“, повикувајќи го грчкиот премиер Киријакос Мицотакис да го стави Дендијас „на своето место“.

Ердоган, исто така, посочи на потезите кои ги зголемуваат тензиите на Кипар, додавајќи дека „соучесништвото во масакрите во Израел нема да им служи ниту на кипарските Грци ниту на Грција“.

Турскиот претседател рече дека Туркије доколку е потребно нема да се воздржува од изградба на поморски бази или други поморски структури во Северен Кипар.

„Имаме и море“, додаде тој.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın