Турција

Земјотрес со јачина од 5,3 степени го погоди југозападниот дел на Туркије

Земјотресот е регистриран недалеку од брегот на Дача во Мугла

Seda Sevencan  | 03.09.2022 - Обновена : 05.09.2022
Земјотрес со јачина од 5,3 степени го погоди југозападниот дел на Туркије

ИСТАНБУЛ (АА) - Југозападната турска област Мугла, на брегот на Средоземното Море, денес ја потресе земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала, јавува Агенција Анадолија (АА).

Земјотресот е регистриран недалеку од брегот на Дача во Мугла во 7:13 часот по локално време, соопшти Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби на Туркије (АФАД).

АФАД објави дека епицентарот на потресот бил на 6,76 километри длабочина во тлото.

Засега нема извештаи за повредени или материјална штета, се наведува од АФАД.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.