Турција

Истанбулската полиција фати странец и член на криминална група со лажни македонски документи

„По добиена дојава дека тело на едно лице е закопано во градината на резиденцијата, по налог на јавен обвинител извршени се работи на ископување...“

Şükrü Gündüz, Emrah Gökmen  | 07.11.2022 - Обновена : 09.11.2022
Истанбулската полиција фати странец и член на криминална група со лажни македонски документи

ИСТАНБУЛ (АА) - Полициската управа на Истанбул соопшти дека во работите на ископување во подрачјето на Саријер не е пронајдено ништо сомнително во ископувањето во областа Саријер и дека против оние кои ја доведуваат јавноста во заблуда ќе бидат преземени правни постапки, јавува Агенција Анадолија (АА)

Во соопштението се наведува дека Секторот за борба против организираниот криминал откри дека лицето З.Б., странски државјанин и член на организирана криминална група, влегол во Туркије со лажен македонски пасош издаден на име Ј.А.Б. и дека престојувал во Истанбул.

Тоа лице е фатено во подрачјето на Саријер во полициска акција спроведена на 4 ноември.

При претрес во живеалиштето на тоа лице пронајдени се и запленети лажна лична карта, пасош и дигитален материјал.

„По добиена дојава дека тело на едно лице е закопано во градината на истата таа резиденција, по налог на јавен обвинител извршени се работи на ископување и не е пронајдено ништо сомнително. Полициската управа на Истанбул работи на заштита на мирот и благосостојбата на нашиот град. Одлучно продолжува со борбата против сите видови криминал и криминалци“, се наведува во соопштението.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.