Турција

Луксузната јахта на рускиот милијардер Абрамович укотвена во југозападна Турција

- „Еклипса“ се очекува дека ќе биде укотвена во турскиот медитерански град Мармарис една недела

Tuba Onğun  | 22.03.2022 - Обновена : 25.03.2022
Луксузната јахта на рускиот милијардер Абрамович укотвена во југозападна Турција Фото: Сабри Кесен /АА

АНКАРА (АА) - Луксузната јахта на рускиот олигарх Роман Абрамович е укотвена во медитеранскиот туристички град Мармарис на турската ривиера, известува Агенција Анадолија (АА).

Според информациите од Општина Мармарис, јахтата „Еклипса“ од 162 метри е опремена со мини подморница, хелиодроми и базен.

Руските олигарси се подложни на санкциите од западните земји, а јахтите што им припаѓаат беа неодамна запленети, па дури и нападнати среде војната меѓу Москва и Украина.

„Еклипса“ е изградена во 2010 година и чини околу 340 милиони евра.

Супер јахтата се очекува да биде укотвена во Мармарис една недела, а потоа да наполни гориво.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın