Турција

Најубави плажи на светот, 300 сончеви дена во годината - Лето на жешкиот песок на турскиот брег

- Туркије, земја со морски брег долг 7.200 километри и 300 сончеви дена во годината, на странските и на домашните гости им нуди мешавина на култура, историја и плажа, луксузни хотели и разновиден свет на флора и фауна

Gorana Jakovljevic  | 20.07.2023 - Обновена : 27.07.2023
Најубави плажи на светот, 300 сончеви дена во годината - Лето на жешкиот песок на турскиот брег Фото: Канцеларија за култура и туризам на Туркије (Плажата во Капуташ)

АНКАРА (АА)

Турската ривиера го зазема најубавиот дел не само на Евроазија туку и на Европа. Туркије, земја со морски брег долг 7.200 километри и 300 сончеви дена во годината, на странските и на домашните гости им нуди мешавина на култура, историја и плажа, луксузни хотели и разновиден свет на флора и фауна, пишува Анадолу.

Сето ова ја прави турската ривиера најсовршено место за одмор. Од Медитеранот до егејскиот брег се протегаат заливи, песочни и каменливи плажи, пештери со археолошко богатство, сведоци на древните цивилизации. Поради своите плажи Туркије е на самиот врв на земји со најголем број сини знамиња - меѓународен сертификат за стандард на квалитетот за заштита на околината на морето и брегот. Најубавите турски плажи се вистинска инспирација за секој што ги сака бањањето и уживањето во сонцето...

- Капуташ - плажа од светските насловни страници

Анталија е една од најдобро оценетите дестинации за одмор поради знаменитостите што се наоѓаат од Аспендос до Мира (Ликија), Сиде и Перге, заедно со брегот, тиркизната боја на водата, мирните заливи и спортските активности. По должината на анталиската ривиера се наоѓаат 231 плажа што имаат сертифицирано сино знаме.

Некои од плажите се долги со километри, а други се мали, скриени бисери меѓу планинските и ридските засеци. На патот Каш-Калкан се наоѓа плажата Капуташ, исклучително убава плажа, позната по песокот и тиркизното море. Оваа мала плажа е прогласена за една од 50 најубави плажи во светот.

Заливот Андреа Дорија, именуван по џеновскиот адмирал Андреј Дориј, се наоѓа на патот Финике-Демре и тоа е една од најфасцинантните плажи во Анталија. Оваа сликовита плажа опкружена со карпи, макија (средоземна џбунеста вегетација) и маслинови дрвја, ја посетуваат морските желки и средоземната фока мечка.

Плажата Патара, втора најдолга плажа во Туркије, се протега на 14 километри и се наоѓа во подрачјето на Анталија. Таа претставува едно од најважните подрачја за леглата на морските желки во Туркије. Поради тоа, од 15 мај до 15 септември и посетителите и морските желки наизменично ја користат плажата Патара.

- Синиот Бодрум

Бодрум без сомнение е речиси најпопуларна дестинација за одмор во овој дел од светот поради морето и брегот што е вистински избор за летниот одмор.

Плажата Ѓумбет е најблиску до центарот на Бодрум и таа нуди сѐ - од бањање, излет со брод, нуркање или едрење.

Плажата Битез има полукружен облик, опкружена е со насади на агруми и маслинки, кои растат покрај рестораните и кафулињата.

Плажата Ѓолтуркбуку е место на кое деноноќно се излегува и се случуваат музички настани во атрактивните клубови што се наоѓаат на плажата.

- Измир

Прво нешто што асоцира на Измир, град сместен јужно од Чанаккале, е Чешме, најпопуларната градска туристичка дестинација. Плажите Илиџа и Алачати се ѕвезди на ова поднебје познато по златно-жолтиот песок.

Алачати се наоѓа на 13 километри од центарот на Чешме и има најчисти плажи. Уште едно популарно место за одмор е плажата Илиџа, чие море го загреваат плитките, термални изворски води.

- Зелен рај

Брегот на Асос во областа Чанаккале има малку помирно море. Двете најпознати плажи во регионот се плажата Асос Сокакагзи и заливот Кадирга, опкружени со маслинови дрвја од двете страни. Кога се зборува за Чанаккале, не треба да се заборават двата прекрасни острова - Бозџаада и Ѓокчеада.

Плажата Ајазма во Бозџаада е една од најубавите плажи на Егејското Море, а плажата Ајдинџик, долга 1.200 метри на островот Ѓокчеада, е најдобро оценета природна плажа што ја посетуваат и ја препорачуваат сурферите.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın