Турција

Пожари во Туркије: Во Измир под контрола ставени 69 пожари, активни се шест

„Деведесет авиони, 4.717 луѓе и 1.218 возила се вклучени во операциите за одговор на пожарите во областите Измир, Ајдин, Болу, Мугла и Маниса.“

Ahmet Caner Baysal  | 17.08.2024 - Обновена : 18.08.2024
Пожари во Туркије: Во Измир под контрола ставени 69 пожари, активни се шест

ИЗМИР (АА) – Во текот на ноќта избувнаа пожари во турските области Измир, Ајдин, Болу, Мугла и Маниса, поради што од овие подрачја превентивно се евакуирани 3.583 граѓани, јавува Анадлу.

Во соопштението на Управата за вонредни ситуации на Република Туркије (АФАД) се наведува дека продолжуваат напорите на сите надлежни институции од воздух и од копно за локализирање на пожарите кои траат во различни делови на земјата.

„Деведесет авиони, 4.717 луѓе и 1.218 возила се вклучени во операциите за одговор на пожарите во областите Измир, Ајдин, Болу, Мугла и Маниса. Како превентивна мерка, евакуирани се вкупно 3.583 граѓани во безбедни подрачја“, се наведува во соопштението.

Министерот за земјоделство и шумарство на Туркије, Ибрахим Јумакли, го посети округот Каршијака, во Измир, еден од регионите погодени од пожарите.

„69 пожари се под контрола, а уште шест се активни“, изјави Јумакли за новинарите по посетата на местото на пожарот.

Говорејќи за моменталната ситуација на теренот, Јумакли додаде дека ситуацијата во моментов е под контрола и дека пожарите не ги загрозуваат станбените подрачја.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın