Приведени 15 лица поради уривањето на згради во Дијарбакир по земјотресот што ја потресе Туркије
Обвинителството во Дијарбакир започна истрага за утврдување на нерегуларностите во изградбата на зграда што се урна во земјотресот на 6 февруари
ДИЈАРБАКИР (АА) - Во Туркије се приведени 15 од 39 осомничени под обвинение за недоследности во изградбата на зграда што се урна во турската област Дијарбакир, по разорните земјотреси што ги потресоа јужните делови на Туркије, јавува Анадолу.
Обвинителството во Дијарбакир започна истрага за утврдување на нерегуларностите во изградбата на зграда што се урна во земјотресот на 6 февруари.
Полицијата синоќа приведе 15 осомничени, вклучувајќи ги и изведувачите на работите, под обвинение за кривично дело „убиство со предумисла“.
Во тек се активности за приведување на уште шестмина осомничени кои се во бегство.
Два разорни земјотреси, првиот со интензитет од 7,7 степени по Рихтер, во понеделникот наутро во 4:17 часот по локално време, со епицентар во округот Пазарџик, и вториот во 13:24 часот, со интензитет од 7,6 степени по Рихтер, со епицентар во местото Елбистан, ги потресоа јужните делови на Туркије. Епицентрите на земјотресите се регистрирани во турската област Кахраманмараш.
Во серијата земјотреси кои ја потресоа Туркије животот го загубија 35.418, додека во соседна Сирија загинаа 3.688 лица.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.