Турција

Пролетта во Памуккале е рај за туристите

- Термалните води што се слеваат низ белите травертински тераси привлекуваат многубројни туристи

Gorana Jakovljevic  | 14.05.2024 - Обновена : 20.05.2024
Пролетта во Памуккале е рај за туристите Фото: Ахмет Аслан

ДЕНИЗЛИ (АА) - Познатото туристичко место Памуккале во југозападна Туркије, недалеку од градот Денизли, во текот на целата година го привлекува вниманието на голем број туристи кои уживаат во убавините на тој локалитет, известува Анадолу.

Иако во текот на пролетта на овој локалитет е исклучително топло, слоевите од варовник и бигор на Памуккале привлекуваат многубројни туристи.

Памуккале, кое е дел од светското наследство на УНЕСКО, познато е по своите термални води богати со минерали, кои се слеваат низ белите травертински тераси.

На овој локалитет се наоѓаат 17 извори на вода со температура од 35 до 100 степени Целзиусови. Памуккале во превод буквално значи „Тврдина од памук“ и е едно од најимпресивните чуда на Туркије. Тврдите, бели депозити, гледани од далечина потсетуваат на снег.

Термалните води во Памуккале течат веќе 2.500 години.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın