Турција

Разнобојниот жив свет во аквариумите вистинска визуелна „гозба“ за посетителите

Фоторепортерот на Агенција Анадолу го сними аквариумот во главниот град на Туркије, Анкара, каде што може да се видат многу видови слатководни риби

Elena Trenchevska Chekovic  | 22.04.2025 - Обновена : 22.04.2025
Разнобојниот жив свет во аквариумите вистинска визуелна „гозба“ за посетителите Фото: Cem Genco/АА

СКОПЈЕ (АА) - Разнобојниот жив свет во аквариумите отсекогаш го привлекувал вниманието на посетителите поради можноста да се „нурнат“ во богатиот екосистем на длабоките мориња и океани.

Фоторепортерот на Агенција Анадолу го сними аквариумот во главниот град на Туркије, Анкара, каде што може да се видат многу видови слатководни риби.

Аквариумот на слатководни риби нуди визуелна „гозба“ со нивните видови перки, интеракции со светлината, стратегиите за камуфлажа и шаренилото од бои.

Аквариумските риби, чии крлушки светат под водата во „игра“ со светлината, даваат уникатна можност до одреден степен малку да се набљудува подводниот екосистем.

Меѓу рибите во аквариумот може да се видат ангелската риба, иридесцентната ајкула, циклидите, телескопската златна рипка, други видови златни рипки, рибата тамбаки, гупата и многу други.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın