Турција

Силен земјотрес со јачина од 4,7 степени го потресе турскиот град Сивас

- Земјотрес со интензитет од 4,7 степени според Рихтер регистриран е во 11:29 часот по локално време во турскиот град Сивас, на длабочина од 10,57 километри.

Hüseyin Cem Dağıstanlı  | 17.10.2024 - Обновена : 17.10.2024
Силен земјотрес со јачина од 4,7 степени го потресе турскиот град Сивас

СИВАС (АА) - Земјотрес со интензитет од 4,7 степени според Рихтер денес ја потресе турската област Сивас, известува Анадолу.

Земјотресот со интензитет од 4,7 степени според Рихтер регистриран е во 11:29 часот по локално време во турскиот град Сивас, на длабочина од 10,57 километри.

Претставници на турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) информираа дека спасувачките тимови продолжуваат со испитување на состојбата на теренот и додадоа дека засега нема информации за евентуални човечки жртви или за причинета материјална штета.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın