Турција

Телефонски разговор Ердоган - Путин: Турција е подготвена да придонесе за мирно решение на проблемот во Украина

Турскиот претседател укажа на важноста од преземање итни чекори за обезбедување прекин на огнот, отворање хуманитарни коридори и потпишување мировен договор

Mustafa Hatipoğlu, Kaan Bozdoğan  | 06.03.2022 - Обновена : 07.03.2022
Телефонски разговор Ердоган - Путин: Турција е подготвена да придонесе за мирно решение на проблемот во Украина

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган разговараше со претседателот на Русија, Владимир Путин, при што ја изрази подготвеноста на Турција да даде придонес за мирно изнаоѓање решение за проблемот во Украина, јавува Агенција Анадолија (АА).

Од Дирекцијата за комуникации при Кабинетот на турскиот претседател соопштено е дека двајцата лидери во телефонскиот разговор разговарале за билатерални прашања и за нападот на Русија на Украина.

Во соопштението се наведува дека Ердоган во текот на разговорот ја изразил подготвеноста на Турција да придонесе за што побрзо решавање на украинскиот проблем преку мирни методи.

Турскиот претседател нагласил дека итен општ прекин на огнот не само што ќе ја ублажи хуманитарната опасност во регионот, туку и ќе овозможи да се бара политичко решение.

„Да го отвориме патот кон мирот заедно“, му посочил Ердоган на Путин.

Турскиот претседател исто така укажал и на важноста од преземање итни чекори за обезбедување прекин на огнот, отворање хуманитарни коридори и потпишување мировен договор.

Истакнувајќи дека е во постојан контакт и со украинската страна и со другите држави, Ердоган истакнал дека ќе продолжи со своите напори да води сеопфатни преговори за да се дојде до резултати.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.