Туркије: Десетици рудари заробени под земја по експлозија во рудник за јаглен
Експлозијата се случила на 300 метри под земја во рудникот за јаглен во црноморската крајбрежната област Бартин денес во 18:15 часот по локално време

АНКАРА (АА) - Десетици рудари се заробени под земја по експлозија во рудник за јаглен во областа Бартин во северна Туркије, јавува Агенција Анадолија (АА).
Експлозијата се случила на 300 метри под земја во рудникот за јаглен во црноморската крајбрежната област Бартин денес во 18:15 часот по локално време.
На местото на настанот се испратени медицински екипи и пожарникари.
„Спасувачките тимови успеаја да извлечат 14 рудари, додека најмалку 49 сé уште се заробени“, изјави гувернерката на Бартин, Нуртач Арслан.
Засега нема пријавени жртви.
Од Турската управа за катастрофи и вонредни состојби (АФАД) соопштено е дека експлозијата во рудникот во населбата Амасра била предизвикана од трансформатор.
Министрите за внатрешни работи и за енергетика и природни ресурси на Туркије, Сулејман Сојлу и Фатих Донмез, ќе пристигнат во Амасра по инструкции на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.