Турција

Туркије: Земјотрес со јачина од 4,9 степени го погоди Измир

Министерот за внатрешни работи на Туркије, Сулејман Сојлу, изјави дека 31 лице се јавило во болница поради паника предизвикана од земјотресот што го погоди подрачјето во 3:20 часот по локално време

Haydar Toprakçı  | 04.11.2022 - Обновена : 07.11.2022
Туркије: Земјотрес со јачина од 4,9 степени го погоди Измир Фото: Mehmet Emin Mengüarslan/AA

ИЗМИР (АА) - Земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала ја погоди Буџа, во турската област Измир, јавува Агенција Анадолија (АА).

Министерот за внатрешни работи на Туркије, Сулејман Сојлу, изјави дека 31 лице се јавило во болница поради паника предизвикана од земјотресот што го погоди подрачјето во 3:20 часот по локално време.

Како што истакна Сојлу, три повредени лица се на лекување, а едно лице е во тешка состојба. Тој потврди дека нема загинати.

Орхан Татар, генералниот директор на Агенцијата за ублажување на последици, рече дека може да дојде до последователни потреси до четири степени и дека во таа смисла граѓаните треба да бидат внимателни.

Како последица на земјотресот се урна минарето на џамијата Селахатин Оглу.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın