Турција

Туркије: Изгаснат пожарот во ресторан во палатата Топкапи во Истанбул

Полицијата, пожарникарите, медицинските и тимовите за природен гас веднаш по дојавата излегоа на терен за да го изгаснат пожарот

Muhammed Gencebay Gür  | 09.07.2023 - Обновена : 10.07.2023
Туркије: Изгаснат пожарот во ресторан во палатата Топкапи во Истанбул

ИСТАНБУЛ (АА) - Турските пожарникари успеаја да го изгаснат пожарот што избувна во текот на претходната ноќ во ресторан во познатата палата Топкапи во Истанбул, главна резиденција и административно седиште на османлиските султани, јавува Анадолу.

Причината за пожарот не е позната.

Полицијата, пожарникарите, медицинските и тимовите за природен гас веднаш по дојавата излегоа на терен за да го изгаснат пожарот.

Работеа два часа за да го стават пожарот под контрола и да го изгаснат.

Ресторанот претрпи значителна материјална штета.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.